Related Posts
Албанските власти во соработка со италијанската поморска полиција денеска на јадранското крајбрежје запленија еден тон марихуана од типот канабис сатива.
Дрогата е откриена во моторен чамец што пловел под италјанско знаме, при што албанските власти уапсиле две лица, од кои едното било италјански, а другото албански државјанин.
Во моментот на акцијата лицата што се наоѓале на моторниот чамец ја фрлиле дрогата во морето, но полицијата ја пронашла и ја запленија марихуаната.
Акцијата била помогната и од страна на италјанската поморска полиција, која имала информации за шверцот што се подготвувал.
Дрогата била произведена во Албанија, а била намената за италјанскиот наркопазар.
К.М.