Владата со нов национален план и со подигање на јавната свест ќе ја намалува загаденоста на воздухот

Share Button

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, на денешната прес-конференција одржана во Владата на Р Македонија информираше дека Владата на вчерашната седница формирала Интересорска работна група од повеќе институции за следење на состојбата на амбиенталниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

Притоа, Макрадули упати јавен повик за приклучување кон оваа иницијатива до сите невладини организации, еколошки друштва и здруженија на граѓани за да се дојде до што поквалитетни мерки и решенија.

Комисијата има за цел да помогне да се промени праксата во различни области, но и да се променат навиките на сите нас во насока на заштита и унапредување на животната средина.

Областите во кои се предвидуваат препораки, мерки и акции за намалување на загадувањето се: домашните ложишта, јавниот транспорт, мерки за намалување на загаденоста од сообраќајот, градежништвото, индустриските капацитети, посоодветни и посовремени начини за третирање на отпадот преку примена на современи технолошки и иновативни решенија. Исто така ќе се преземат мерки и иницијативи за едукација и подигнување на јавната свест кај сите нас дека сите можеме да придонесеме за намалување на загаденоста во нашата средина.

Притоа Макрадули истакна дека акции ќе се преземаат врз основа на параметри и реални податоци, а не на бранот на некаков популизам.

Паралелно ќе се работи на подготовка на Нов национален план за заштита на амбиенталниот воздух.

Дополнително ќе се предложат иницијативи за измена на законската легислатива за да се овозможи спроведување на дефинираните мерки како што се: зголемување на бројот на корисници на системите за централно греење, поддршка на централен систем за греење на природен гас, намалување на емисиите од загревањето на домаќинствата, како и зголемување на административните капацитети кои се однесуваат на: контрола на оџаците, квалитетот на цврсти горива и типови на печки.

Што се однесува за намалување на емисиите од сообраќајот ќе се предложи: воведување режим на сообраќај.

Воедно ќе се предложат иницијативи за давање субвенции за замена на стари печки и купување печки со поголема енергетска ефикасност, за купување возила со нулта емисија, за промена на гориво во погонот на возила од областа на транспортот.

Иницијативи за финансиска поддршка за проширување на јавниот превоз со електрични автобуси и воведување на јавен превоз во поголемите градови.

Проширување на Државниот мониторинг систем со мобилна мониторинг станица со која ќе се овозможи мониторинг на квалитетот на воздухот во оние градови кои не се опфатени со постоечката мрежа за следење на суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри – PM 2,5 на дополнителни три локации (Тетово, Куманово, Битола), почнувајќи од јуни 2017 и засилен, односно почест инспекциски надзор со примена на вонредни инспекции.

Напишете коментар