До крајот на мандатот на Талески, храмот Свети Нектариј Битолски не се изгради!Ветено – неостварено

Share Button

Со 20 милиони денари заеднички проект на МПЦ и Општината, до 2016 година требаше да се изгради нов храм на заштитникот свети Нектариј Битолски во центарот на градот, но овој проект не се реализираше.

Во 2013 година, тогашната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска престојуваше во посета на Битола, каде што заедно со градоначалникот Талески ги промовираа проектите за изградба на нов храм и за нова киносала.

„Проектот произлегува од барањата на граѓаните и е во координација со МПЦ. Изградбата на еден сакрален објект е од големо значење за граѓаните на Битола и целата држава. Проектот за заштитно-конзерваторски основи е завршен од НУ Завод и музеј и предаден на Општината“, посочи Канческа-Милевска.

Во 2015 година, медиумите објавија дека Преспанско-пелагониската епархија и Општина Битола не се откажуваат од изградбата на храмот.

Image result for Свети Нектариј Битолски

„Проектот е изготвен, а се очекува да добие дозвола за градба. Се изработува документација, а бидејќи храмот треба да биде во централното градско подрачје, има многу работи што треба да се довршат. Се прави нов ДУП за да се обезбеди маркичка за изградба на храмот. Проектот е веќе изготвен“ – рече Талески. Сепак, до крајот на мандатот на Талески, храмот не беше изграден.

 

уредник

Related Posts

Студентски собир во Битола против промената на името и воведување на „предлог-законот за употреба на јазиците

Коментарите се исклучени на Студентски собир во Битола против промената на името и воведување на „предлог-законот за употреба на јазиците

Не се слика…не се слика….Се изнаслика?

Коментарите се исклучени на Не се слика…не се слика….Се изнаслика?

Create Account



Log In Your Account