Пожар се движи кон територијата на Република Македонија од задграничниот појас од Република Грција

Во текот на вчерашниот ден, од страна на граничната полиција, добиено е известување за пожар кој се движи кон територијата на Република Македонија од  задграничниот појас од Република Грција, во реонот на Голем Козјак (опш.Мариово), каде има голема борова шума. Последните податоци добиени од граничната полиција укажуваат дека во овој момент пожарот не е префрлен на Македонска територија.

Пожарот на превојот Плетвар е се уште активен и се движи према атарот на с.Крстец, каде има квалитетна букова шума. Ангажирани се лица од повеке субјекти, а од ДЗС е побарана подршка од воздух.

Пожарот во с.Долгаец опш.Долнени е активен и се движи кон с. Стровија. Ангажирани се лица од ШС – Црн Бор Прилеп.

Пожарот во атарот на с. Баштево – опш. Крива Паланка е се уште активен. Гори сува трева. Пожарот се шири кон м.в. Биљино, с. Метежево. Интервенираат пожарникари од Крива Паланка и Ранковце, вработени од ШС Осогово и од ДЗС Крива Паланка.

Активен шумски пожар има кај селата Органџали и Бајрамбос. На негово гасење се интервенира од утринските часови.

Пожарот кај с. Фурка према Дојран е ставен под контрола. На терен се екипи за контрола на опожареното подрачје.

Image result for пожар

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account