Општина Битола: Наскоро, битолчани ќе се гордеат со функционален и реконструиран шадрван во центарот на Битола“

Share Button

Општина Битола го реализира проектот за реконструкција на шадрванот кај Јени џамија, утрово тој е срушен.

Фотографија на Novost MojSajt.

Според  објаснувањето на општина Битола за некои медиуми  станувало збор за Проект кој се реализира согласно предвидената годишна програма за уредување на градежното земјиште, врз основа на претходно спроведена постапка, изработен проект и добиено конзерваторско мислење.

„Со цел заштита на спомениците на културата од уништувањето кое врз нив го прави времето, а некогаш и несовесното однесување на поединци, една од обврските на Општина Битола е да води грижа за нив, редовно да ги одржува, да ги разубавува и реконструира, притоа имајќи го предвид нивното големо културно историско – значење.

Фотографија на Novost MojSajt.

Токму од таа причина Општина Битола, согласно подготвената програма и своите надлежности се грижи за негување и зачувување на трајните вредности кои имаат посебен печат врз животот во Општина Битола.

Фотографија на Novost MojSajt.

Со реализацијата на овој проект, ќе се разубави овој дел од градот, објектот конечно ќе ја добие својата функционалност и намена, притоа зачувувајќи ја историската вредност и значење. На овој начин, функционалноста ќе биде во прилог на вредноста и значењето, наспроти неговото долгогодишното злоупотребување за други потреби кои оставаа лоша слика во центарот на Битола.

Фотографија на Novost MojSajt.

Наскоро, битолчани ќе се гордеат со функционален и реконструиран шадрван во центарот на Битола“ стои во објаснувањето од Општина Битола.

Фотографија на Novost MojSajt.

уредник

Related Posts

ДЕНЕСОВСКИ: Роберт Поповски не да отчетно и транспарентно лажеш, туку продолжувате со глупава морбидна кампања!

Коментарите се исклучени на ДЕНЕСОВСКИ: Роберт Поповски не да отчетно и транспарентно лажеш, туку продолжувате со глупава морбидна кампања!

ВИДЕО Спречен инцидент на потпишувањето на Договорот

Коментарите се исклучени на ВИДЕО Спречен инцидент на потпишувањето на Договорот

Заев: Монтруозноста во ЈУ „25 Мај“ мора да се казни најстрого

Коментарите се исклучени на Заев: Монтруозноста во ЈУ „25 Мај“ мора да се казни најстрого

Create Account



Log In Your Account