Рождество на Пресвета Богородица во Новаци

Share Button

Со молитви пред иконата на Богородица, богослужбa, света божествена литургија и со голем народен собир мноштвото православни христијански верници го слават раѓањето на Мајката Божја, односно Мала Богородица.

Стандардно манастирот во Новаци го посетуваат мноштво  верници кои велат дека секоја година доаѓаат на прославата на раѓањето на Мајката Божја.

Манастирот Рождество на Пресвета Богородица, изграден е на 1 км во близина на с.Новаци, десно од брегот на Црна Река. Во 2006 година беше изграден само храмот на манастирот кој е трокорабен  и претставува монументална христијанска градба со 8 кубиња покриени со бакарни плочи, измалтарен со бел малтер.Општина Новаци  редовно се грижи за одржувањето на манастирот која е една од најубавите градби во Пелагонија.

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да ѝ оддадат заслужено признание и на неговата мајка. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.  Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким потекнуваше од еврејскиот царски род, а Ана од свештеничкиот. Долго време немаа деца, цели 50 години, но имаа цврста вера во Бога и срдечно се молеа да им биде дадено дете. Голема им беше радоста кога се роди Марија, но голема беше и нивната чесност пред Бога, па тие, не заборавајќи дека Бог на посебен начин им го дал детето, ја дадоа Марија да се воспитува во Ерусалимскиот храм до времето кога му стана свршеница на праведниот Јосиф, т.е. кога Бог одреди да ја прими благата вест од ангелот дека ќе го роди Спасителот на светот.

уредник

Related Posts

На 103-годишна возраст почина дедо Добри, праведникот од Бајлово

Коментарите се исклучени на На 103-годишна возраст почина дедо Добри, праведникот од Бајлово

Најнови фотографии Света Троица (Руска црква ) – Битола

Коментарите се исклучени на Најнови фотографии Света Троица (Руска црква ) – Битола

Во манастирот Свети Георгиј – Велушина, во чест на светителот се отслужи Воскресна Вечерна богослужба

Коментарите се исклучени на Во манастирот Свети Георгиј – Велушина, во чест на светителот се отслужи Воскресна Вечерна богослужба

Денеска е „Свети Антониј Велики“ – За многу години!

Коментарите се исклучени на Денеска е „Свети Антониј Велики“ – За многу години!

(Фото)За време Света Причест на Ерусалимскиот патријарх, е сликана силуета на Ангел Господов

Коментарите се исклучени на (Фото)За време Света Причест на Ерусалимскиот патријарх, е сликана силуета на Ангел Господов

Create Account



Log In Your Account