НАЈНОВО :

Најава за канонизацијата на свети Јоаникиј Ракотински

Share Button

Прославата ќе започне во сабота во 17:30 ч, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во Скопје, со Воскресна вечерна богослужба, со која ќе чиноначалствува епископот Хераклејски г. Климент, во сослужение на презвитери и ѓакони од Скопската епархија. По Вечерната, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ќе отслужи парастос за архимандритот Јоаникиј.

Image result for светител
Во недела, со почеток од 08:00 ч., кивотот со моштите на преподобниот Јоаникиј во литија ќе се упати од мостот „Гоце Делчев“ кон Соборниот храм.
Во 09:00 ч. ќе започне Литургијата на која ќе биде објавена одлуката за канонизирањето на архимандритот Јоаникиј, а со неа ќе чиноначалствува Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со сите архиереи на МПЦ-ОА, како и бројно свештенство, и притоа сите присутни ќе можат да се поклонат на моштите на преподобниот Јоаникиј.

уредник

Related Posts

Утре се празнува Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски

Коментарите се исклучени на Утре се празнува Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски

Отворен древниот манастир „Св. Јован Крстител“ крај реката Јордан

Коментарите се исклучени на Отворен древниот манастир „Св. Јован Крстител“ крај реката Јордан

Create Account



Log In Your Account