ПОЛИЦИЈАТА СО НОВИ ДОКАЗИ ЗА “ТРАНСПОРТЕР 2” ВО КОЈ Е ОСОМНИЧЕН ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ

ПОЛИЦИЈАТА СО НОВИ ДОКАЗИ ЗА “ТРАНСПОРТЕР 2” ВО КОЈ Е ОСОМНИЧЕН ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ

Share Button

Полицијата достави нови докази до битолското обвинителство за случајот „Транспортер 2“ во кој како осомничен се јавува градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

МВР со нови докази за „Транспортер 2“ во кој е осомничен Владимир Талески

„На барање на битолското обвинителство, полицијата, во врска со предметот со кодно име „Транспортер 2“ кој се однесува на распишан тендер за избор на најповолен понудувач за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година поднесе посебен извештај против лицата С.П.(54), С.Д.(58), В.П.(48), П.П.(51), С.Б.(58) и В.Т.(58), сите од Битола, вработени во Општина Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела – несовесно работење во службата и злоупотреба на службена положба и овластување“, велат од МВР.

Од таму наведуваат дека С.П., С.Д., В.П. и П.П., во својство на членови на Комисијата за јавни набавки постапиле спротивно на законот за јавни набавки на тој начин што не ја поништиле постапката за избор на најповолен понудувач, иако во тендерската постапка констатирале дека понудените цени за превоз на ученици се многу повисоки од реалните цени на пазарот.

На пример: за една од линиите посочени во тендерот во учебната 2013/14 година цената за превоз по ученик на ден била 1.000 денари, во учебната 2015/16 била 3.168 денари по ученик на ден, додека во учебната 2016/17 формирана била цена од 440 денари по ученик на ден, со што на две правни лица, превозници од Битола, им било овозможено да се стекнат со поголема материјална корист.

С.Б., секретар на Општина Битола, иако немал ингеренции врз работата на Комисијата за јавни набавки, потпишал согласност за склучување на договори со нереални пазарни цени.

Градоначалникот, пак, донел одлука за најповолни понудувачи по тендерот за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година, по што потпишал штетни договори со две правни лица – превозници од Битола.

Со преземените дејствија пријавените на општина Битола и причиниле материјална штета од 4.321.388 денари

уредник

Related Posts

Пред Собранието на Република Македонија се уште трае протестот, и во Прилеп собир на граѓани

Коментарите се исклучени на Пред Собранието на Република Македонија се уште трае протестот, и во Прилеп собир на граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Рушењето на Ќосето е акт на длабока фрустрација и гнев кон сопствениот народ, историја и култура (ВИДЕО)

Коментарите се исклучени на ВМРО-ДПМНЕ: Рушењето на Ќосето е акт на длабока фрустрација и гнев кон сопствениот народ, историја и култура (ВИДЕО)

Лидерот на ГДУ Петар Колев на средба со ОБСЕ: Македонија да биде една изборна единица, со отворени листи

Коментарите се исклучени на Лидерот на ГДУ Петар Колев на средба со ОБСЕ: Македонија да биде една изборна единица, со отворени листи

Create Account



Log In Your Account