ТАЛЕСКИ:ОЧЕКУВАМ НОВАТА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ДА ГО ЗАВРШИ ЦЕЛОСНО СТАДИОНОТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ

Share Button

Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески беше во обиколка на градежните активности на стадионот под Тумбе кафе, каде изградбата на северната трибина се одвива според предвидената програма и динамика за реализација на проектот.

Продолжува изградбата на северната трибина на стадионот под Тумбе кафе

„Минатиот период, направивме проект кој што значи изградба на стадион под Тумбе кафе со капацитет за 12 000 гледачи. Јужната трибина ќе се реконструира после завршувањето на северната која е направена по европски – светски стандарди за да може да се одржуват меѓународни натпревари. Тоа значи дека ќе има посебни ложи за судиите за директен пренос и сите други потребни содржини. Во оваа фаза, завршена е целата инфраструктура под објектот, така што за скоро ќе биде турена основната плоча врз која ќе почне да се гради северната трибина. Таа нема да се заврши оваа сезона, но најважните градежни активности ќе се завршат. Проектот е предвиден во повеќегодишните програми и го финансира Општина Битола. Очекувам веќе следната градежна сезона новата локална самоуправа да ја заврши северната трибина, а следните две години и целиот стадион“, изјави Талески.

уредник

Related Posts

ПОСЛАНИЕ ДО РОБЕРТ ПОПОСКИ:МАКЕДОНИЈА ВО 1889 ГОДИНА Е ПРИЗНАЕНА ОД ГРЧАКАТА АКАДЕМИЈА (ФАКСИМИЛИ)!

Коментарите се исклучени на ПОСЛАНИЕ ДО РОБЕРТ ПОПОСКИ:МАКЕДОНИЈА ВО 1889 ГОДИНА Е ПРИЗНАЕНА ОД ГРЧАКАТА АКАДЕМИЈА (ФАКСИМИЛИ)!

Create Account



Log In Your Account