Браќа близнаци од Македонија, посвоени во различни фамилии, се сретнале на патување!

Share Button

Животот е убава приказна во секој случај, со драматични моменти кои даваат динамика на содржината. Солзите само ја прочистуваат душата, но емоциите телото, или обратно… Како и да е секој проронил солза некогаш, за среќа или тага. Оваа приказна многумина ќе ги стави на полето да размислат за тоа дека колку и да се тажни и немоќни, сепак се среќни дека се со најблиските, семејството, браќата и сестрите…

Животот на две момчиња, браќа близнаци, како да го пишувале браќата Грим. Тага, среќа и измачувања, но сепак среќниот крај и убавиот момент како лекокрила птица им слетала на рамото. Денот, кога дошле на овој свет, не донел среќа кај нивните родители. Никој не им се израдувал и не пуштил солза за среќа, едноставно биле само вишок. По само неколку минути од раѓањето завршуваат во дом за деца без родители т.е се даваат на посвојување. Искрата на добра надеж и светлина во животите на овие ангелски суштества набргу им се насмевнува, добиваат семејства и безгрижни детски денови. Но судбината повторно си поигрува со нив. Двајцата браќа, идентични близнаци, се посвоени од различни фамилии од различни градови. Ниту браќата ниту фамилиите кои ги посвојуваат не знаат за нивниот статус… Животот убав, но лажен, и за двајцата браќа и двете фамилии. На нивни дваесетина години заминуваат на исто патување, судбина…Едното момче пристигнува на летувањето неколку денови порано и се запознава со една девојка. Се забавуваат и заедно, двете друштва, одат на плажа. По неколку денови пристигнува и другиот брат, близнакот, не знаејќи се уште ништо. Седејќи на еден шанк на плажа му пристапува девојката правејќи му муабет, мислејќи дека е момчето што го запознала. По краткиот муабет и двајцата сфаќаат дека не се познаваат, но девојката инсистира да продолжат со муабет и да го запознае со другото момче… За многу кратко време браќата близнаци се сретнуваат и без зборови, само се гледаат еден во друг, почнуваат да им треперат телата и солзи сами потекуваат. Се запознаваат и почнуваат муабет. По неколку часовен муабет, разговор со родителите, по телефон, ја откриваат вистината…

 

уредник

Related Posts

Поцрвене водата во езерото Козјак – Фото

Коментарите се исклучени на Поцрвене водата во езерото Козјак – Фото

(фото)Денес, Св. Богородица – Трново Битолско

Коментарите се исклучени на (фото)Денес, Св. Богородица – Трново Битолско

Create Account



Log In Your Account