Архимандритот Јоаникиј Ракотински прогласен за светец

Share Button

Одлуката на САС на МПЦ-ОА за впишување на Јоаникиј Ракотински во списокот на светиите ја прочита епископ хераклејски Климент. Тој рече дека за новоканонизираниот светител е живописана икона и е напишано житие, синакса, акатист, утрена и вечерна богослужба.

– Овој новопојавен преподобен и богоносен отец наш Јоаникиј како што сведочи неговото опширно житие се родил во преславниот град Охрид, но сега е граѓанин на небесниот, неразрушлив град на светиите, таинствениот Сион, истакна г.г. Стефан.

Покрај останатите дарови, обогатен и со чудотворството, посочи архиепископот охридски и македонски, се покажал како евангелскиот добар самарјанин за оние кои со вера му пристапувале христијани или иноверни.

– Откако направил многу чудесни дела ја запечатил судбината зашто, не времето и околностите ги прогласуваат светиите, туку благородството на совршената и нелицемерна љубов кон Бога, додаде г.г. Стефан.

Претходно, во 8 часот од мостот „Гоце Делчев” тргна свечена литија со моштите на преподобниот Јоаникиј Ракотински кои беа пренесени во Соборниот храм. Неговите мошти ќе останат во Соборниот храм, а ќе бидат пренесени во црквата „Св.Константин и Елена” во центарот на Скопје кога ќе заврши нејзината изградба. Денешниот датум на официјалната канонизација ќе биде впишан во календарот на МПЦ.

Јоаникиј Ракотински, македонски архимандрит, учител, лекар и православен свештеник, бил роден во Охрид во 1839 година, а се упокоил на 24 јануари 1940 година во скопското село Ракотинци.

Напишете коментар