Здраво јас сум Стерјо Јакимовски имам 37 години и сум угостител, имам свој кафич во Битола. Да се живеј од нешто.

Image result for скршени чаши

Стално велев дека мора да се знај ред во тие кафичите и секој кафич да си има свој стил, а така можиш најлесно да му погодиш на луѓето шо се во локало, шо дошле пари да потрошат, оти приказната се знај. Замисли на шанко да има еден рапер, двајца рокери, три пуфли, две кремчина, една курва од баро и тројца пијаници, ела да видам погоди му на сите…

Ама за жал то кај нас не оди баш така, кириите се втаван, трошоците на герамиди, келнерите плата земат по 23.000, 8 јас му давам, 15 сами си земат, а на УЈП и на Пазарна канцеларија му дадов позади за да не се малтретират на секое да идат пат да прат, барем тука ќе бидат.

Рековме ќе фураме со електронска музика, џабе, нема кеш, 90% од гостите се маскираја во зомби, мумии и трошевме по 10 гајби вода.

Ај рековме Рап, пак џабе динар не свртивме, пa дури на крајо почнаја гости да ни идат од типот на свети Ѓурѓовден.

Пробавме и со рок бендој, беше до душа така-така, колку за киријата.

И еден ден шетав низ град и во 90% од локалите рокаше турбо фолк, остај турбо фолко, туку сите беа полни со луѓе како во ембаргото леб ко даваја без пари.

И си седнав дома и си реков то е луѓе, дај да не глумам лудило, шо да се прај и ги викнав БоеСпина, е сеа не се сеќавам дали беше Бое или Спина, ама знам дека ги имавме со брат ми изваено чамците за спасвање оти готови бевме ќе потоневме.

Госпо здравје да му дај на Ѕвезде Гранда и Пинкове Ѕвезде и на Лепа Брена и оној Сале шо почна дури и од фрижидер да ми излегва, а тој сигурно е Српскио Драган Вучич…

И од тогаш наваму имаме две химни на локало, “Кад би био рањен” и “Омакло ми се”.

Тука лежат парите, а вие нас ни се лутите, на угостителите.

НОУ МОР ЕМ СИ ЈАНКО!!!

Автор: Виктор А.К.А. Башлак

извор Мотика