Нема ништо поевтино од парите

Share Button

Не посакувај ништо друго, освен волјата Божја, и со љубов прифаќај го сето зло со коешто се соочуваш. Кога некој ќе ти нанесе зло, не враќај му со зло, туку види Го Христа во неговото срце. Како што те љуби тебе, Бог исто така го љуби и твојот непријател. И небесата ги симнуваме на земјата кога се молиме вака: „Да биде волјата Твоја како на небото, така и на земјата.“ Молкот е Божјиот јазик. + + +

Не е важно како зборуваме, туку како живееме. Не е важно што правиме, туку кои сме. Оној што вистински љуби, не го забележува тоа, како што оној што диши, не е свесен за своето дишење. Тешко на мене, штом љубов немам! Три нешта се потребни: првото – љубов, второто – љубов, третото – љубов. Љубовта е на Крстот, и само на Крстот. Помалку зборувај, повеќе љуби. Секого, без разлика за кого и да се работи. Искуството ме учи дека никој не може да помогне никому, без оглед на тоа колку и да го сакаме тоа. Помошта доаѓа само и само од Бога, и тоа кога ќе се исполни времето. + + +

Секое место може да стане место на Воскресение. Доволно е да живееме во смирението Христово. Се бориме за некаква слобода. Зошто? За да им робуваме на страстите. Нема ништо поевтино од парите.

Распетие

уредник

Related Posts

Во манастирот Свети Георгиј – Велушина, во чест на светителот се отслужи Воскресна Вечерна богослужба

Коментарите се исклучени на Во манастирот Свети Георгиј – Велушина, во чест на светителот се отслужи Воскресна Вечерна богослужба

Житие: Чесни вериги на Светиот апостол Петар

Коментарите се исклучени на Житие: Чесни вериги на Светиот апостол Петар

Денес се празнува: Свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски (во Сирија)

Коментарите се исклучени на Денес се празнува: Свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски (во Сирија)

Чудотворната икона на Мајката Божја: УБЛАЖИ ГИ ЖАЛОСТИТЕ МОИ

Коментарите се исклучени на Чудотворната икона на Мајката Божја: УБЛАЖИ ГИ ЖАЛОСТИТЕ МОИ

Утрово во битолската црква посветена на Св Недела, Духовден – Света архиерејска Божествена Литургија

Коментарите се исклучени на Утрово во битолската црква посветена на Св Недела, Духовден – Света архиерејска Божествена Литургија

Create Account



Log In Your Account