Во Новаци ќе отпочне проектот Општинско корисна работа – Учиме заедно“

Share Button

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ќе го најави отпочнувањето на проектот „ Општинско корисна работа – Учиме заедно“.

Image result for новаци

Проектот „Учиме заедно“ е четврт проект на општина Новаци од програмата Општинско-корисна работа  во кој се ангажираат 4 невработени лица и тоа: 

– 1 дефектолог -кој ќе работи со децата на предшколска возраст од ЦРДР „Бамби“ а кои имаат потешкоотии во изговарање на оддредени гласови

– 1 одразовен асистен -кој ќе работи со ученик со посебни потреби во насока на пружање на помош во совладување на наставниот матерјал,пишување на домашни задачи и постигнување на целите во ИОП(индивидуален образовен програм)

– 2 наставнички кои во селата Добромири и  Агларци ќе работат со ученици кои имаат потешкотии во совладување на матерјалот со цел да постигнат подобри резултати во учењето

Проектот трае 8 месеци за образовниот асистент и наставничките, а 6 месеци за дефектологот со хонорар од 6200 ,00 ден со вклучен персонален данок и осигурување при повреда на работа.

 

уредник

Related Posts

Нападнат претседателот на ЛДП, Горан Милевски

Коментарите се исклучени на Нападнат претседателот на ЛДП, Горан Милевски

Буково денес (фото)

Коментарите се исклучени на Буково денес (фото)

Create Account



Log In Your Account