И во наредните денови облачно и посвежо време

Share Button

Времето денеска ќе биде претежно облачно, во источните делови со повремени врнежи од дожд.

Во западните делови ќе има сончеви периоди, но попладне и повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена. Во Скопје температурата ќе биде до 20 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и свежо време со слаб до умерен ветер од североисточен правец. До петок ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено во јужните делови. За време на викендот ќе има и сончеви периоди.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account