Oдбележан „Европски ден на јазиците“ во Битола

Share Button

Француската Алијанса Битола и Националната установа Универзитеска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, го одбележаа Европскиот ден на јазиците преку европски кулинарски обичаи.

Годинава учествуваа ученици од основните училишта од Битола, каде се учи француски јазик и според програмата секое училиште подготви кулинарски обичаи од некоја европска држава.

– Европскиот ден на јазиците е прогласен од страна Советот на Европа и секоја година на 26 септември на јавноста и се посочува за важноста на учењето на јазици и проширување на листата на изучени јазици со цел да се зголеми плурилингуализмот и меѓукултурното разбирање.

– На овој ден исто така се промовираат богатата јазична и културна разноликост на Европа, која мора да се чува и негува, рече меѓудругото Калиопа Кривашија Стилиновиќ, почесен конзул на Република Франција во Република Македонија.

На манифестацијата во Битола учениците од основните училишта на француски јазик презентираа кулинарски раритети од Турција, Белгија, Велика Британија, Шпанија, Италија и од Франција.

уредник

Related Posts

Стоилковски: Дали Заев ангажирал за советник лице вмешано во убиство на полициски службеник и го плаќа со пари на граѓаните?

Коментарите се исклучени на Стоилковски: Дали Заев ангажирал за советник лице вмешано во убиство на полициски службеник и го плаќа со пари на граѓаните?

(ФОТО)И ПАТИКИ “ПЛИВААТ”…КАМЕЊА И ПЛАСТИЧНИ ЧАШИ – ФОНТАНАТА ЗА САМО ЕДНА НЕДЕЛА ЈА ИСПОГАНИЈА

Коментарите се исклучени на (ФОТО)И ПАТИКИ “ПЛИВААТ”…КАМЕЊА И ПЛАСТИЧНИ ЧАШИ – ФОНТАНАТА ЗА САМО ЕДНА НЕДЕЛА ЈА ИСПОГАНИЈА

Милчин: Заев, врати се дома! Ни Господ, ни поповите нема да ти помогнат

Коментарите се исклучени на Милчин: Заев, врати се дома! Ни Господ, ни поповите нема да ти помогнат

Create Account



Log In Your Account