ВИСТИНСКИ БУМ!!! Скопско ехо скопскиот весник со 45 илјади тираж на 40 страници

Share Button

Од сега на 40 страници

ТИРАЖОТ НА „СКОПСКО ЕХО“ ПОРАСНА НА 45.000

Успеавме и оваа недела да продолжи константниот раст на нашиот и ваш неделник „Скопско Ехо”.

Тиражот го зголемивме за 10.000 примероци и сега ќе се делат бесплатно низ Скопје 45.000 парчиња од весникот, што е недостижно за останатите печатени медиуми во Македонија, дури и ако се здружат.

Го покачивме и бројот на страниците поради зголемен огласувачки интерес, а и поради потребата од нови содржини за читателите. Додадовме 8 страни и тоа сите во боја. Затоа, од сега весникот ќе биде распослан на неверојатни 40 страници. Ветуваме нов раст и во иднина.

Најдете го неделникот на 65 локации низ Скопје

Со цел весникот да стигне и до оние наши читатели кои нема да добијат примерок во своето поштенско сандуче или на плоштадите низ градот, обезбедени се места-пунктови низ градот каде тој бесплатно може да се подигне. Обезбедивме 65 такви локации кои неколку пати сме ги објавиле на нашата фејсбук страница. Проверете, сигурно некоја од локациите е во вашиот комшилук.

Фотографија на Skopsko Eho.

уредник

Related Posts

ВО ЖИВО: Гори Министерството за правда

Коментарите се исклучени на ВО ЖИВО: Гори Министерството за правда

Create Account



Log In Your Account