Денес е строг пост: Се празнува Воздвижение на чесниот крст, Крстовден

Share Button

Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.

Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот Крстовден или Водокрст (18/5 јануари) е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството, а есенскиот Крстовден, под името Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос.

За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст,како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.

На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло.

Некои верници на овој ден јадат само леб и грозје.

Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници, грозје . Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје.

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан…

уредник

Related Posts

Воскресението Христово 2016 година во битолската црква на Пресвета Богородица

Коментарите се исклучени на Воскресението Христово 2016 година во битолската црква на Пресвета Богородица

Утре се празнува светиот пророк Захарија

Коментарите се исклучени на Утре се празнува светиот пророк Захарија

Create Account



Log In Your Account