Димитровски: Ќе создадеме услови за нови работни места на новата ера во Битола

Како професионалец сум реализирал низа проекти за поквалитетен живот во Битола, пред се во областа на културата. Верувам дека многумина од нас се среќни што во Битола овозможивме 3Д кино,  што Фестивалот “Илинденски денови” го издигнавме над своето ниво, што имавме редовни изведби на Kамерниот Oркестар, кој стана културен бренд, што во изминатите години Битола беше домакин на светски музичари. Ова денес го истакна Борче Димитровски, носител на листа за советници во Советот на општина Битола на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

-По победата на локалните избори ќе го искористам своето умеење и искуство за во нашиот град да се реализираат и низа проекти од областа на инфраструктурата, социјалниот и економскиот развој. Лично познавам многу млади, способни и кративни битолчани со кои заедно, преку надлежностите на Советот на општина Битола ќе создадеме услови за нови работни места на новата ера, ќе работиме на урбаниот развој на градот но и на создавање на поквалитетни услови за живот во битолските села. Повеќе градинки, блиску и достапни за секое битолско семејство. Пешачки и велосипедски патеки, одржување на зелените површини, иницијатива за развој на Пелистер во рекреативен центар на европско ниво. Ќе ја продолжиме благородната идеја и културата на создавање на нови зелени површини кои ќе значат разубавување на нашата општина но и поквалитетна и почиста животна средина. Почитувани битолчани, со сиот свој досегашен придонес за Битола стојам пред вас и ја барам вашата доверба на 15 октомври  советничката листа  на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и нашиот кандидат за градоначалник господинот Зоран Илиоски, истакна Димитровски.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account