На крстосницата за с.Меџитлија во битолски „Мерцедес“ пронајден „хашиш“

Share Button

На 26.09.2017 година во 16.30 часот на крстосницата за с.Меџитлија, од страна на полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин и Граничен надзор „Меџитлија“ било запрено патничко возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.Н. (55) од Битола.  Како сопатничка во возилото била затекната Е.Б. (51) од Република Албанија. Полициските службеници извршиле преглед кај Е.Б. при што била пронајдена една најлонска ќеса со непозната растителна материја и една алуминиумска фолија со непозната растителна материја за која се изјаснила дека е опојна дрога „хашиш“ која ја користела за намалување на болки затоа што боледувала од „канцер“. Е.Б. била приведена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во 18.45 часот, лицето и пронајдените предмети биле предадени на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје Битола за понатамошна постапка.

извадок од Дневен билтен на МВР

уредник

Related Posts

Времето денес сончево со локална облачност

Коментарите се исклучени на Времето денес сончево со локална облачност

Народниот правобранител: Надлежните да преземат мерки и да обезбедат училишта без насилство

Коментарите се исклучени на Народниот правобранител: Надлежните да преземат мерки и да обезбедат училишта без насилство

Делегација на ГДУ во работна посета на Европскиот парламент

Коментарите се исклучени на Делегација на ГДУ во работна посета на Европскиот парламент

Create Account



Log In Your Account