Претставено меѓународното жири на фестивалот „Браќа Манаки“

Share Button

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го претстави и годинашното жири кое ги оценува кинематограферите на филмовите од главната компетиција за „Златна камера 300“.

Претседател на жирито е Пол Рене Ростад од Норвешка, а заедно со него годинава се Лука Коасин од Италија, Јани Петери Паси од Финска, македонскиот режисер Даријан Пејовски и Ерол Зубчевиќ од Босна и Херцеговина.

– Не е лесна работа да се оценат толку добри кинематографери, тоа е како да избираш помеѓу ремек-дела на Ван Гог или Рембрант, но за тоа имаме три критериуми по кои ќе се водиме при изборот. Најпрво го оценуваме фрејмот, потоа употребата на светлото и, се разбира, креативноста на кинематограферот, истакна Пол Рене, додавајќи дека е среќен и почестен што се наоѓа на фестивалот во Битола кој, според него, е најшармантниот филмски фестивал кој го посетил.

 

На пресот во фестивалскиот прес-центар, уметничкиот директор Гена Теодосиевска на Лука Коасин му ја врачи наградата „Мала златна камера 300“ која Коасин ја освои минатата година на ИФФК „Браќа Манаки“.

уредник

Related Posts

НОВА ХУМАНА МИСИЈА НА „СОС БАЛКАНМЕДИА“ (ГАЛЕРИЈА -ВИДЕО)

Коментарите се исклучени на НОВА ХУМАНА МИСИЈА НА „СОС БАЛКАНМЕДИА“ (ГАЛЕРИЈА -ВИДЕО)

СКАНДАЛ:СИЉАН МИЦЕВСКИ ГРАДИ ДИВОГРАДБИ НА ПЕЛИСТЕР СО АМИН НА СУГАРЕСКИ И ПЕТРОВСКА(ГАЛЕРИЈА)

Коментарите се исклучени на СКАНДАЛ:СИЉАН МИЦЕВСКИ ГРАДИ ДИВОГРАДБИ НА ПЕЛИСТЕР СО АМИН НА СУГАРЕСКИ И ПЕТРОВСКА(ГАЛЕРИЈА)

СКАНДАЛ:КИРАЦОВСКИ, ДО КОГА СО ТВОЈОТ МИЛЕНИК „МАКТЕЛ“ ЌЕ СПИНУВАТЕ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МАЛЦИНСТВО ВО МАКЕДОНИЈА?!

Коментарите се исклучени на СКАНДАЛ:КИРАЦОВСКИ, ДО КОГА СО ТВОЈОТ МИЛЕНИК „МАКТЕЛ“ ЌЕ СПИНУВАТЕ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МАЛЦИНСТВО ВО МАКЕДОНИЈА?!

Create Account



Log In Your Account