ААВМУ, АЕК и медиумите да се заштитат од политичко мешање

Share Button

Да се донесат законските измени со кои се предвидува двотретинска согласност на парламентарците при именување  на членовите на Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и да се намали  рекламирањето на власта, пред се на локално ниво, во електронските медиуми и да се елиминира можност за политичко влијание во медиумите, се едни од главните цели што треба да се постигнат за да се овозможи поголема независност на електронските медиуми и во нивното контролирање.

aek montoring 1

Тоа беше кажано на денешната презентација на извештајот на Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО „Инфоцентар“, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Тоа е третиот тримесечен извештај на работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) подготвен во рамките на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“.

АВМУ во изминатото тромесечје одржала солидно ниво на транспартеност и отчетност, а од пет медиумски организации биле побарани законски измени за предлагање и именување членови на Советот на АВМУ, но процесот е закочен. Тоа во Собранието треба да се направи како што е предвидено и членовите на овој Совет да се избираат со двотретинско мнозинство за да се постигне вистинска независност на агенцијата и нејзината работа, побара Зоран Фидановски од Здружението на новинарите на Македонија во дискусијата по презентацијата.

Како што рече комуникологот Сефер Тахири во презентацијата, според извештаи на ЗНМ и според други согледувања, уште се регистрира големо мешање на власта во електронските медиуми, а тоа, како што рече, се случувало и преку рекламирањето на власта. На тоа се спротивстави Зоран Трајчевски, директорот на АВМУ, кој рече дека рекламирањето на власта во последните две години е речиси елиминирано. Фидановски во одговор посочи дека тоа рекламирање е присутно главно на локално ниво, во поглед на пренесување на извештаи од Советите на општини и разни соопштенија.

– АВМУ треба да биде независно тело. Клучот е во политичката независност од власта, но тоа е лесно да се каже, а тешко да се оствари – рече Тахири.

Покрај него, за работата на АВМУ и АЕК говореа и Горан Лазаров, проектен координатор од Евротинк и Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар.

уредник

Related Posts

Советници од ВМРО-ДПМНЕ на распит поради протестот пред домот на Ременски

Коментарите се исклучени на Советници од ВМРО-ДПМНЕ на распит поради протестот пред домот на Ременски

Дедото на Тамара доби условна казна за нелегално поседување оружје

Коментарите се исклучени на Дедото на Тамара доби условна казна за нелегално поседување оружје

Да му помогнеме на 15-месечното девојче од Македонија кое мора да се оперира во Кина

Коментарите се исклучени на Да му помогнеме на 15-месечното девојче од Македонија кое мора да се оперира во Кина

Би-Би-Си почна да го користи името Северна Македонија

Коментарите се исклучени на Би-Би-Си почна да го користи името Северна Македонија

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на планинските премини Ѓавато, Буково и Стража

Коментарите се исклучени на Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на планинските премини Ѓавато, Буково и Стража

Адвокатите на обвинетите бараа, судијката не дозволи одложување на „Транспортер“

Коментарите се исклучени на Адвокатите на обвинетите бараа, судијката не дозволи одложување на „Транспортер“

Create Account



Log In Your Account