Почнува судењето на Талески за „Транспортер“

Share Button

За денеска е закажано првото рочиште во случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески, а со судскиот совет ќе претседава судијката Лидија Петровска, која го води и случајот за бегалецот Горан Грујевски, екс началникот на Петтата управа во МВР, „Тврдина 2“, за униптување на документацијата.

СЈО кон крајот на април поднесе обвинение за овој случај, но поради фактот што дел од обвинетите одбивале да ги примат поканите, судењето е закажано за септември.

Обвинението е за злоупотреба на буџетски пари  во вредност од 360.000 денари поради незаконски  организиран  автобуски превоз.

Талески, како и претседателот на Комисијата за јавни набавки, кои во договор со директорите на училиштата и раководните лица на неколку превозни компании се обвинети дека организирале превоз за учениците во општината.

СЈО за 11 лица достави предлог за притвор, а беше побарана и забрана за располагање со имот ,како и конфискација за 3 стана, 6 патнички возила и 33 автобуси.

Минатата година, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му изрече  на Талески  домашен притвор, кој два пати беше продолжуван.

По три месеци, Апелацискиот суд во Скопје ја укина оваа мерка  и досуди поблага мерка на претпазливост.

Минатиот месец Битолското обвинителство отвори нов случај „Транспортер 2“, каде Талески повторно се сомничи за злоупотреба на службената положба и грабеж на општинската каса, со незаконски тендери за превоз на ученици во учебната 2013 – 2014 и 2015- 2016 година.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account