Седница на Регионалниот штаб за управување со кризи – Кичево

Share Button

На 27.09.2016 година, се одржа 37 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи – Кичево. Покрај членовите на Регионалниот штаб  на седницата присуствуваа и претставници од ТППЕ Кичево, МЗШВ ПЕ Кичево и ЈП Комуналец Кичево.

Во првиот дел од  седницата приоритет се стави на пожарите, при што раководителот на Регионалниот штаб, Сузана Тасевска ги запозна присутните со случените пожари во 2017 година.  Направената анализа на пожарите покажа дека е зголемено учеството на месното население во гасењето, а од друга страна обезбеди поуки за институциите кои ќе послужат во иднина.

Во вториот дел од седницата се расправаше за превентивно делување, раното предупредување и спречување на појавата на поплави, лизгање на земјиште и поголеми одрони на земја.  Раководителот на Регионалниот штаб истакна дека потребно е да се утврди подготвеноста на општината и другите надлежни институции за справување со овој вид на ризик.

Како резултат на дискусиите се донесоа заклучоци дека  општината Кичево ги има превземено сите потребни мерки за спречување на поплавување, но неопходно е да се следи состојбата со водостојот на реките од сите надлежни институции и навремено да се известува за евентуаланите можности од поплавување.

уредник

Related Posts

На планинскиот премин Ѓавато се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила во 19.00 часот

Коментарите се исклучени на На планинскиот премин Ѓавато се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила во 19.00 часот

Тврдокорните најaвија дека во најбрз можен рок ќе организираат блокирање на аеродромот!!

Коментарите се исклучени на Тврдокорните најaвија дека во најбрз можен рок ќе организираат блокирање на аеродромот!!

Ослободени се обвинетите за убиените полицајци во Арачиново во 2000 година

Коментарите се исклучени на Ослободени се обвинетите за убиените полицајци во Арачиново во 2000 година

ВО ЖИВО: Гори Министерството за правда

Коментарите се исклучени на ВО ЖИВО: Гори Министерството за правда

Војник во касарната Петровец бил каменуван

Коментарите се исклучени на Војник во касарната Петровец бил каменуван

Create Account



Log In Your Account