Ќе врне цела вечер, нова прогноза на УХМР

Share Button

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 22 Гевгелија, 20 Демир Капија, 19 Струмица, 18 Охрид, 17 Штип, Виница, 16 Скопје, Битола, 15 Претор, Тетово, Берово, 14 Прилеп, Тополчани, 13 Пожаране, Крива Паланка, 11 Лазарополе, Ѓуриште, 10 Маврово.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 17 часот: 8 Ѓуриште, 3 Маврово, 2 Пожаране, Прилеп, Тополчани, Лазарополе, 1 Претор, Скопје, Тетово, Битола, >0 Штип, Охрид, Кр. Паланка.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно и свежо со повремен локален дожд и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Претежно облачно, и понатаму со повремен локален дожд, особено во западните и јужните делови.

ВРЕМЕТО УТРЕ: Претежно облачно и свежо, на западот и југот со повремен локален дожд, а во североисточните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, особено на североисток. Минималната температура од 7 до 15, а максималната од 14 до 19 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен североисточен ветер. Температура од 11 /18 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во сабота се уште на повеќе места ќе има зголемена облачност, но ќе биде суво. Потоа во следните денови ќе биде посончево и малку потопло преку денот, но со ниски утрински температури. Нов влажен бран се очекува од средината на наредната работна седмица.

уредник

Related Posts

ГДУ:Ајде да видиме дека ова навистина може да биде „Едно општетсво за сите“

Коментарите се исклучени на ГДУ:Ајде да видиме дека ова навистина може да биде „Едно општетсво за сите“

Во Струмица на улица…”си работат”

Коментарите се исклучени на Во Струмица на улица…”си работат”

Ирена Ристиќ: Тунтев НЕМА автомобил! Како направи 3.843€ патни трошоци за 4 месеци?!!!

Коментарите се исклучени на Ирена Ристиќ: Тунтев НЕМА автомобил! Како направи 3.843€ патни трошоци за 4 месеци?!!!

Create Account



Log In Your Account