Информацијата за смртоносниот „парацетамол“ е лажна, велат од Министерството за здравство

Share Button

Информацијата што се прошири на социјалните мрежи за смртоносен „парацетамол“ е лажна и непроверена, објави Министерството за здравство на „Фејсбук“.

Од таму велат дека сите заинтересирани може да се обратат до Агенцијата за лекови за дополнителни информации.

Деновиве на социјалните мрежи кружи фотографија на која е прикажан „парацетамол“ кој наводно содржи смртоносен вирус.

„Бидете внимателни да не го земате „парацетамолот“ кој доаѓа со П/500. Тоа е нов, многу бел и сјаен „парацетамол“, лекарите советуваат дека содржи machupo-вирус, кој се смета за еден од најопасните вируси во светот со висока стапка на смртност“, се вели во објавата.

уредник

Related Posts

Меѓаши бара кривична одговорност за лицата кои допуштиле да се случи вакво тешко кршење на правата на детето , за случајот со силуваното девојче

Коментарите се исклучени на Меѓаши бара кривична одговорност за лицата кои допуштиле да се случи вакво тешко кршење на правата на детето , за случајот со силуваното девојче

Еве каде во моментов има прекин во електроснабдувањето

Коментарите се исклучени на Еве каде во моментов има прекин во електроснабдувањето

Полицијата ги чува домовите на пратениците на СДСМ

Коментарите се исклучени на Полицијата ги чува домовите на пратениците на СДСМ

Create Account



Log In Your Account