УТРЕ ГИ ПРАЗНУВАМЕ СВЕТИТЕ МАЧЕНИЧКИ ВЕРА,ЉУБОВ, НАДЕЖ И МАЈКА ИМ СОФИЈА

Share Button

Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова.

Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но одлучно ја исповедаа верата во Господ Христос и одбија да ѝ принесат идолски жртви на Артемида.

Пред страдањето мајката ги крепеше ќерките со совети да истраат докрај. „Вашиот небесен љубител Исус Христос е вечно здравје, неискажлива убавина и живот бесмртен. И кога вашите тела ќе бидат убиени во маки, Он ќе ве облече во нераспадливост и раните на вашите тела ќе светнат на небото како ѕвезди.“

Мачителот ги мачеше со лути маки сите една по една: најпрво Вера, па Надеж, па Љубов.

Ги тепаа, ги сечеа, ги фрлаа во оган и во врела смола и најпосле една по една ги убија со меч. Софија ги зеде мртвите тела на своите ќерки, ги однесе надвор од градот и таму чесно ги погреба. Остана на нивниот гроб три дена и три ноќи молејќи Го Бога и така Му го предаде својот дух итајќи во рајските населби, каде што ја чекаа душите на нејзините блажени ќерки.

Image result for светите вера љубов и надеж

уредник

Related Posts

Мајката Божја на сон молела Београѓанец да ја врати иконата во Битола од каде што била украдена

Коментарите се исклучени на Мајката Божја на сон молела Београѓанец да ја врати иконата во Битола од каде што била украдена

Црква „Свето Благовештение“ – Лавци (фотогалерија)

Коментарите се исклучени на Црква „Свето Благовештение“ – Лавци (фотогалерија)

Утре се празнува: Сретение Господово

Коментарите се исклучени на Утре се празнува: Сретение Господово

Во Слепченскиот манастир се одбележа раѓањето на Свети Јован Крстител

Коментарите се исклучени на Во Слепченскиот манастир се одбележа раѓањето на Свети Јован Крстител

Утре е Лазарова Сабота

Коментарите се исклучени на Утре е Лазарова Сабота

Create Account



Log In Your Account