Со „Форд Ескорд“ излетал од патот Битола-Новаци и се превртел

На 30.09.2017 година во 18,25 часот на регионалниот пат Битола-Маково, на 150 метри до мостот на реката Црна пред с.Новаци, се случила сообраќајна незгода во која Т.И.(46) од с.Дедебалци-oпштина Новаци, управувајќи патничко возило „Форд Ескорд“ со битолски регистерски таблици, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и се превртел.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен и задржан во Клиничката Болница во Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account