НЕ ЛАЖЕТЕ СЕ, НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО НАДМУДРИМЕ БОГА!

– Архимандрит Дамаскин

(Извадок од беседата на Рождество на Пресвета Богородица)

Фотографија на МАНАСТИР СВ.ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ.

…Но, како ние всушност денеска го празнуваме споменот на раѓањето на Пресветата Богомајка? Дали како вистински Православни Христијани, дали со вистинско празнување на големата и чудесна Божја тајна на раѓањето на нови човечки животи? За жал, во поголемиот дел – не.
Денес, како што сè повеќе слушам, има една страшна појава, особено кај нашите идни мајки. Повеќето од денешните лекари, коишто во многу го изгубиле стравот Божји и се оддалечиле од секаква православна духовност, мислејќи дека со целата современа медицина, технологија и опрема, можат да го надмудрат и Самиот наш Творец и Создател, ги советуваат идните наши мајки, а и тие самите прифаќаат, за време на бременоста што повеќе да направат испитувања за идното бебе, како не би ли дознале дали детето има некаков недостаток, некаква мана, или можеби би се родило под претпоставка со некаква болест или некаков инвалидитет. И откако идните мајки ќе направат такви испитувања, и откако лекарите ќе им кажат под претпоставка, бидејќи никој не може да го каже тоа сигурно, освен Единиот Бог, дека детето би можело да се роди со некаков инвалидитет или недостаток, тие им препорачуваат детето да го убијат, односно да го абортираат.
За жал, денешните наши православни мајки тоа веднаш го прифаќаат без никакво размислување, без никакво двоумење, воопшто ни не информирајќи се, ниту пак согледувајќи, дека таквите непромислени испитувања можат да предизвикаат спонтан абортус или предвремено породување, кое може исто така да биде фатално по животот на бебето. До каде оди самото наше безумие денеска, сведочи и втората појава кај нашите православни татковци и мајки, нешто што нашите предци никогаш не го ниту сонувале, дека кога ќе појдат на лекар на контрола во бременоста, ако имаат претходно едно или две женски дечиња и ако сега сакаат машко, доколку им кажат лекарите дека третото дете повторно е женско, тие одлучуваат да го абортираат.

За жал, нашите православни мајки денеска, мислат дека ќе го надмудрат Бога, мислат дека можат да ја градат иднината и среќата на своите идни деца врз крвта на нивните убиени браќа и сестри во утробата, меѓутоа, во нашето големо безумие и заслепеност, забораваме дека не можеме да го излажеме Бога и дека не можеме да го надмудриме нашиот Творец и Создател.
НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ, СИТЕ ИДНИ РОДИТЕЛИ, ДЕКА ДЕТЕТО Е ЖИВА ДУША ОД САМИОТ МОМЕНТ НА НЕГОВОТО ЗАЧНУВАЊЕ!
Дотолку е пострашна таа појава, што стануваме посурови и поголеми убијци и од древните спартанци, коишто децата кои што ќе се роделе, а биле слаби и болежливи, ги убивале, но барем допуштале тие да се родат. Но денес ние, мислејќи дека можеме да бираме какво дете ќе родиме и дека можеме неколку да убиеме додека докторите не ни потврдат дека ќе се роди здраво и право дете, сè повеќе го навлекуваме гневот Божји на нас како народ и нација.
НО, НЕ ЈА ГУБЕТЕ ВЕРАТА И НАДЕЖТА ВО ГОЛЕМАТА МИЛОСТ БОЖЈА! Доколку родителите го направиле тој страшен грев, Самиот Христос и Мајката Божја секогаш и со раширени раце се подготвени да го примат нивното покајание, бидејќи доколку тие го убиле таквото дете по совет на лекарите, а не се покајале и поправиле, Бог ќе допушти потешки и пострашни болести и страдања кај нивните живи деца, да ги опомене и вразуми родителите, да се покајат и да се предадат на волјата и промислата Божја, бидејќи само Бог е Оној Којшто знае што е најдобро и најкорисно за нас и за спасението на нашите души.
А доколку понатаму, тие идни неродени деца најдат милост кај своите безбожни родители и се родат и дојдат на овој свет, продолжува повторно нивната агонија. Тие можеби само за кратко ја здогледуваат светлината на светот откако ќе се родат, но набргу потоа, нивните родители, нивните баби и дедовци, повторно ги предаваат на темнината, на поднебесните духови на злобата… (продолжува)

ГИ ЗАМОЛУВАМЕ СИТЕ НАШИ БРАЌА И СЕСТРИ ВО ХРИСТА, ДА ЈА СПОДЕЛУВААТ ШТО ПОВЕЌЕ ОВАА ОБЈАВА, А ЗА ДУХОВНА КОРИСТ И СПАСЕНИЕ НА МНОГУ ЗАЛУТАНИ ДУШИ!

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account