Обвинетите за грабежот во НЛБ денеска на суд

Обвинетите за грабежот во НЛБ денеска на суд

Share Button

По две одложувања, во Кривичниот суд за денеска е закажан почетокот на судскиот процес за најголемиот грабеж во Македонија.

Осуммината обвинети, меѓу кои и Бобан Смилевски, главниот осомничен за украдените 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра од сефот од НЛБ Тутунска банка, треба да седнат на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1.

Минатото рочиште на 21 септември беше одложено по барање на одбраната, а рочиштето пред него судот го одложи поради тоа што Истражниот затвор во Шутка немаше со што да ги донесе до суд тројцата обвинети кои се во притвор за овој предмет.

Основното јавно обвинителство Скопје во јули поднесе обвинение против осум лица за грабежот на НЛБ Тутунска банка.Против првообвинетиот е поднесено обвинение за кривичното дело затајување кое според обвинителството било сторено во низа, односно неколку пати и за кривичното дело тешка кражба.

уредник

Related Posts

Агатангел за законот за јазиците

Коментарите се исклучени на Агатангел за законот за јазиците

Create Account



Log In Your Account