Одложено судењето за најголемиот грабеж во Македонија

Одложено судењето за најголемиот грабеж во Македонија

Share Button

Повторно е одложено судењето за најголемиот грабеж во Македонија, што се случи во НЛБ Тутунска банка.

За грабежот на 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра од сефот од НЛБ Тутунска банка осомничени се осуммина, од кои првообвинет е Бобан Смилевски, вработен во банката.

Минатото рочиште на 21 септември беше одложено по барање на одбраната, а рочиштето пред него судот го одложи поради тоа што Истражниот затвор во Шутка немаше со што да ги донесе до суд тројцата обвинети кои се во притвор за овој предмет.

Основното јавно обвинителство Скопје во јули поднесе обвинение против осум лица за грабежот на НЛБ Тутунска банка.Против првообвинетиот е поднесено обвинение за кривичното дело затајување кое според обвинителството било сторено во низа, односно неколку пати и за кривичното дело тешка кражба.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account