Разбиена криминална група што тргувала со дрога и шверцувала мигранти во Скопје, Велес и во Тетово

Share Button

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска во координирана акција со Министерството за внатрешни работи разбило шестчлена криминална група чии членови се товарат за трговија со дрога и за шверц на мигранти.

Акцијата, како што соопшти обвинителството, била спроведена денеска во Скопје, Велес и во Тетово.

Според обвинителството, криминалната група од април до септември оваа година организирала купување и пренесување на 146 килограми марихуана, како и шверц на мигранти од македонско-грчката граница кон Србија.

Шестмината осомничени се товарат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, криумчарење мигранти и за организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти.

„Против сите шест лица надлежниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка и до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 поднесе предлог за определување притвор“, стои во соопштението од ОЈО за организиран криминал и корупција.

уредник

Related Posts

Маж од Демир Хисар четири месеци уценувал битолчанка со компромитирачки фотографии

Коментарите се исклучени на Маж од Демир Хисар четири месеци уценувал битолчанка со компромитирачки фотографии

Три лица приведени вчера на „Партизанска“во Битола: Пијани се тепале, па ги нападнале и полицајците

Коментарите се исклучени на Три лица приведени вчера на „Партизанска“во Битола: Пијани се тепале, па ги нападнале и полицајците

Полициска акција во Куманово – пронајден цел арсенал оружје

Коментарите се исклучени на Полициска акција во Куманово – пронајден цел арсенал оружје

Полицијата трага по три малолетници кои побегнале од ЦСР во Штип

Коментарите се исклучени на Полицијата трага по три малолетници кои побегнале од ЦСР во Штип

Возач од Битола пронајден починат на терминалот Табановце

Коментарите се исклучени на Возач од Битола пронајден починат на терминалот Табановце

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ СТРУМИЦА – ШТИП, ВО СУДИРОТ УЧЕСТВУВАЛ И „ЦИТРОЕН БЕРЛИНГО“ СО БИТОЛСКИ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ

Коментарите се исклучени на СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ СТРУМИЦА – ШТИП, ВО СУДИРОТ УЧЕСТВУВАЛ И „ЦИТРОЕН БЕРЛИНГО“ СО БИТОЛСКИ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ

Create Account



Log In Your Account