Универзитет Широк сокак- Школа за критичко мислење – Проудли презент то ју „Reality in 15 Мinuten“ Или пато за Германија

Универзитет Широк сокак- Школа за критичко мислење – Проудли презент то ју „Reality in 15 Мinuten“ Или пато за Германија

Share Button

Ајде тазе приказни од животот…Лајф од Широк сокак на ФБ…Ајде народе Reality show…

По краток муабет со себе си, реков седни напиши чим Цацко те тера..Нека ти излези насобраното оти глеам те мачи…И седнав додека е жежок „буреко“…Бај д’е веј..Абе кај е оној Јанко? Сеа ми текна?Шо бурек праеше боооо…

Прва Средба…

10.45 Се движев низ темните ходници на Пелагонка 2 , туркајќи го бајсико кога оп една сенка отспротива се запре и тргна на кај мене со срдечни зборој.Враќам по ди фолт кога , оп се доближуваме и ко ќе видам другарчето шо ми замина Германија…Останав така…Ко да видов дух…Истиот ведар , насмеан , со убав збор…Јас- Абе кај си, шо прајш, колку ќе останеш…Како е во Германијата?Абе борба и таму, ама има мегдан…Работам, децата студираат, сега ќе менувам работа…Додека прајме муабет ми текнува на вечерата во нивнот стан кога се собравме три пара пријатели…Тортелини, вино, музика, смеурии…Поминаа от тогаш можеби и пет години…Тоа беше нашата последна дружба…Се растуривме …Тој Германија, си ги повлече своите…Те гледам со оној нашиот на ФБ , шо прај тој таму, на гости?Не брат, го повлеков и него,кај да е , ја зема фамилијата…Убо, убо реков, онака со пола уста…Убо, шо е убо незнам, најдобрите ни заминаа…Ај брзам, да средам комуналии, ова она…за неко ден бегам…Поздрави …

Втора Средба

10.55 Само да не ме фатат младите џандари како возам по Сокако…Строги се , нови, полни со ентузијазам за ред и пореток…Така треба и јас сум за то, ама не мене да ме казнат нели?Вјасав кај Пајтон и оп, еве ја школската…Стоооп…Але, ги скапа авионите, некни не замина? Ааааа…тоа беше слика од авионот шо доцнеше , оти пилотот имал летано отпоќе часови, па чекавме 24 ч. да биде регуларно…Види шо ти е Европа-коментирам…Абе ко ќе имаш пасош се може, се смее…Ние извадивме бугарски пасош, а сепак не сакавме да бегаме од земјата…Дури со мажот до развод за малку ќе дојдевме , оти тој упорен да оди до крај со бизнисот…Шо бизнис?-јас…Знаеш јас чупе од градо, амам маката не натера се да работам…И кафичи и поле да садам…И насадивме 4000 садници и аплициравме за субвенции, ама испадна дека ортако бил од опозиција и тоа било проблем за субвенции…Па по судој се докажвавме и победивме,на лепасе имаме и за оштета, ама џабе …и видовме не видовме Геманија…И знаеш „Грујо“ услуга ни напрај!??? Како бе, услуга, со тоа шо ве натера да си заминете од дома?Да, де…Години таму, стекнавме искуство, контакти, капитал и сега ќе се вратиме да инвестираме за да видат луѓето дека се исплаќа трудот…Чекај бе чупе, каква е ова карамбола…Сте вложиле, се дошле до распад на семејството, не ви дале она шо ви припаѓа по закон, сте се тужеле, сте победиле на Суд, на крај сте мигрирале, за да сега се вратите и наново победнички да го завршите започнатото…Да, де…Стојам така и блеам…Ја пулам и немам збор… Шо чоек ќе беше ова школската?! Ај , бегам, имам уште пат се испоштовавме и сега пешки тргнав нагоре…

Трета средба

10.59 Да, пијам уште едно или? Уф ближи 11.00 нема поќе од 30 ден. ќе треба 50 д.за кафе…Уште шанкерката ако не е во форма, џабе парите…Скршнав накај домот и таман да се качам на бајко, вика некој „Колегааа, колега“…Ете го, пријателчето мое, мачна душа, чоек чесен..трпелив…Како си бе колега мој..Шо има? Абе да ти кажам „мене и на ТАКВОТО да ме стават имам 5-6 год до пензија…За вас младите ми е…Јас се осетив така убо, млад сум бил…Ти се верува дека со факултет ме ставија на лента, а на мое место со средно некој партиски?Ами за шо учев, за шо дипломирав?Абе ќе издржам јас…уште малку…Плата каква ти дават , со високо?- јас…Неее бе…душо, со средно ме водат…Шо пензија ќе земам?!То е…Ти како ми си децата арни? Арно бе , јас супер, еве за Германија думам…Ако ако,пасош имаш? Еми немам…Ај ќе биди, ќе биди, создравје биди ми ајде поздрав….
пс. Сите ликови и муабети се реални и ги сретнав денес03.10.2017 в рок од 15 мин. на Широк сокак…Дал на плачам , дал да се смеам…То е…

уредник

Related Posts

Курир:Заев се соочи со слаба поддршка и во Битола: Си донесе и автобуси, но залудно

Коментарите се исклучени на Курир:Заев се соочи со слаба поддршка и во Битола: Си донесе и автобуси, но залудно

Create Account



Log In Your Account