Од денеска за Скопјаните изводи за родени и венчани и на домашна адреса

Од денеска за Скопјаните изводи за родени и венчани и на домашна адреса

Share Button

Скопјани од денеска на домашна адреса може да добијат изводи од матичната книга на родени и на венчани. За тоа треба да се регистираат на веб-страницата на Управата за водење на матичните книги (УВМК) или на нивниот е-портал uvmk.gov.mk, да пополнат барање и по уплата ќе добијат нотификација и време за испорака на документот на домашна адреса.

– Граѓаните може да аплицираат само за личен извод од матичната книга на родени или на венчани или за малолетно дете. При преземањето на документот на домашната адреса ќе мора да приложат личен документ за идентификација за да ја подигнат пратката – изјави директорот на УВМК Ѓоко Котевски по доставата на првиот готов документ во населбата Јане Сандански.

Услугата на почеток ќе можат да ја користат само граѓаните на Скопје, без разлика каде се родени, а наскоро ќе биде достапна и во сите градови во Македонија.

уредник

Related Posts

Полицијата ги чува домовите на пратениците на СДСМ

Коментарите се исклучени на Полицијата ги чува домовите на пратениците на СДСМ

Матеј не може да оди на училиште – Министерството за здравство не му обезбедило лекови

Коментарите се исклучени на Матеј не може да оди на училиште – Министерството за здравство не му обезбедило лекови

Create Account



Log In Your Account