По речиси пет часа заврши претресот на Специјалното јавно обвинителство во скопскиот Кривичен суд

Share Button

По речиси пет часа заврши претресот на Специјалното јавно обвинителство во скопскиот Кривичен суд, во рамки на една од предистражните постапки на ова обвинителство.

Претрес бил извршен во канцелариите на судијата Владимир Панчевски и уште двајца вработени во Судот.

Според првичните информации, тие се сомничат за оддавање службена тајна.

Во Основниот суд Скопје 1 беа специјалната јавна обвинителка Катица Jанева, обвинителката Ленче Ристоска и двајца истражители.

Напишете коментар