ПРИКАЗНА ЗА БОГАТИОТ ЧОВЕК И ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ

Share Button

Св. Николај (Велимировиќ) –

– Зошто си Му толку благодарен на Бога?
– Ми умре волот.
– И затоа се радуваш?!
– Јас сум голем грешник. Но Господ е милостив: ми го зачува животот и ме казни со смртта на волот.
Затоа и го славам Бог.

Го славев Господ, кога Он ми ги даде воловите, зарем да не го славам и сега, кога ми зеде само еден од воловите? Слава Му!
– А како ќе ја обработуваш земјата само со еден вол?
– Господ сѐ ќе си среди, – се насмеал земјоделецот.

”Гледај колку овој човек е среќен и се смее, иако го изгуби волот. А јас имам толку голем имот и пак не се смеам!” – си помислил во себе богатиот човек. Тој извлекол неколку златни монети и му рекол на земјоделецот:
– Купи си друг вол. Денес многу научив од тебе.
– Нели ти реков дека Господ сѐ ќе среди! – воскликнал радосно земјоделецот и повторно почнал да Го слави Бога.

А богатиот човек си тргнал да се врати дома. Кога доближил до замокот, тој забележал дека целиот замок е опкружен со пламен. Тогаш човекот паднал на колена, ги кренал рацете и воскликнал:
– Ти благодарам Боже! Ти благодарам, Боже!
Слугите го гледале зачудено.
Не се чудете, – им објаснил богатиот човек. – Не Му благодарев на Бога, кога Он ми даваше сѐ, но сега кога Он ми зеде, јас двојно сум Му благодарен. Ете време и за мене да се потрудам со вера во Бога! Тоа ќе ми врати смислата на животот и радоста. Господ се ќе среди!

уредник

Related Posts

Денеска “Второ Воскресение Христово”во храмот Св, Димитриј во Битола се читаше Светото Евангелие Божјо на разни јазици

Коментарите се исклучени на Денеска “Второ Воскресение Христово”во храмот Св, Димитриј во Битола се читаше Светото Евангелие Божјо на разни јазици

Create Account



Log In Your Account