УТРЕ ГО ПРАЗНУВАМЕ ЗАЧНУВАЊЕТО НА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ+

УТРЕ ГО ПРАЗНУВАМЕ ЗАЧНУВАЊЕТО НА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ+

Share Button

Многу ретка икона.
На вашата лева страна во црвена наметка- Пресвета Богородица со Богомладенецот Господ Исус Христос во Својата утроба,а на вашата десна страна со зелена наметка- Св.Елисавета со Св.Јован Крстител во својата утроба+++

Фотографија на Тимотеј Соколов.

Православните христијани, утре ќе го одбележат празникот Зачнување на Свети Јован Крстител

Овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на Св. Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, коишто целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената уторба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со Свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господ Исус Христос. Преку Своите ангели Бог го објави раѓањето на Исак од бездетната Сара и на Самсон од бездетниот Маној и неговата жена, и на Јован Предвесник од бездетните Захарија и Елисавета. Преку Своите ангели Бог го објавуваше раѓањето на оние со коишто имаше посебни намери. Како можеа да се родат деца од стари родители? Ако е некој љубопитен да дознае, нека не ги прашува за тоа ниту луѓето, бидејќи луѓето тоа не го знаат, ниту природните закони, бидејќи тоа е над природните закони, туку нека го управи погледот кон силата на Семоќниот Бог, Којшто од ништо го создаде сиот свет и Кој за создавањето на првиот човек, Адам, немаше потреба од никакви родители, ни стари ни млади.

Наместо љубопитност да Му воздадеме пофалба на Бога, Којшто често ни ја јавува Својата моќ и милост и мудрост и покрај природните закони, во коишто оковани ние, без вонредните Божји чуда би паднале во очајание и богозаборав.

Подготви: Снежана Анеска

уредник

Related Posts

Фотогалерија:Црква„Св.Димитриј“ и манастир Св. Ѓоргиј во с. Магарево

Коментарите се исклучени на Фотогалерија:Црква„Св.Димитриј“ и манастир Св. Ѓоргиј во с. Магарево

Мироточеa моштите на Свети Кипријан на неговиот празник

Коментарите се исклучени на Мироточеa моштите на Свети Кипријан на неговиот празник

Денеска “Второ Воскресение Христово”во храмот Св, Димитриј во Битола се читаше Светото Евангелие Божјо на разни јазици

Коментарите се исклучени на Денеска “Второ Воскресение Христово”во храмот Св, Димитриј во Битола се читаше Светото Евангелие Божјо на разни јазици

Денеска е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан

Коментарите се исклучени на Денеска е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан

Отворен древниот манастир „Св. Јован Крстител“ крај реката Јордан

Коментарите се исклучени на Отворен древниот манастир „Св. Јован Крстител“ крај реката Јордан

Create Account



Log In Your Account