Шест лица се лишени од слобода, а едно е недостапно за органите на прогонот во денешната акција на МВР

Шест лица се лишени од слобода, а едно е недостапно за органите на прогонот. Ваков е судскиот исход од денешната акција на МВР и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција спроведена во Скопје, Тетово, Гевгелија и Валандово.

Поднесена е кривична пријава против 24 лица за злоупотреба на службената должност при распределување државни земјоделски субвенции. Осомничените во својство на раководители и помошници на сектори и подрачни одделенија со своето незаконско работење нанеле штета на државниот буџет во износ од околу 222.000 евра – се вели во соопштението на јавното обвинителство. Меѓу осомничените се 15 службени лица вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а останатите осомничени се физички лица и одговорни лица во правни лица во приватна сопственост. Двајца од нив се турски државјани.

Телоп – Основаното сомнение е дека во периодот од 2011 година до 2016 година осомничените службени лица ја искористиле својата службена положба или овластување и ги пречекориле границите на своите службени овластувања при склучување и раскинување на Договори за закуп на земјоделско земјиште. При преземањето на незаконитите дејствија биле помогнати од останатите осомничени лица. Во исто време, одобрувале исплата по Програмата за финансиска подршка во земјоделството – субвенции, на кој начин прибавиле корист за повеќе правни и физички лица на штета на Буџетот на Република Македонија.

Се вели во соопштението од јавното обвинителство. Според информациите од МВР, раководителите во министерството за земјоделство кои што биле назначени како претседатели на Комисии за одлучување по јавни огласи за давање под закуп на државно земјиште склучиле договори со нови закупци за парцели кои што биле правно спорни и не можеле да бидат предмет на договор. За спорните парцели барани се субвенции спротивно на Закон при што барањата за субвенции во системот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој се внесувани од лице кое што нема засновано работен однос во министерството за земјоделство. Од посоченото министерство со соопштение ја потврдија информацијата за акцијата во која се приведени нивни вработени. Во изминатите години, растеше сумата наменета за субвенции во земјоделството, но паралелно растеше и сомнежот на јавноста за партизираност при нивната распределба.

 

Кристина Атовска

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account