Ауди излета од автопатот Гостивар – Тетово: Пет лица повредени, меѓу нив и дете

Share Button

Пет лица меѓу кои и едно двегодишно дете се повредени во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Гостивар – Тетово во близина на тетовската наплатна станица.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски денеска изјави дека несреќата се случила вчера околу 14 часот кога патничко возило „Ауди“ со австриски таблички загубило контрола и излетало од патот удрирајќи во заштитната ограда.

– Од излетувањето и удирањето во заштитната ограда со телесни повреди се здобиле возачот, трите сопатнички на возраст од 22, 27 и 48 години и едно двегодишно дете. Со друго возило тие биле пренесени во Тетовската клиничка болница и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Извршен е увид и се утврдува причината и поединостите во врска со несреќата. Првично причина за несреќата е неприлагодената брзина додека вкупната материјална штета се проценува на 150 илјади денари, изјави Јосифоски.

Возилото го управувал 29-годишниот К.А. а во сообраќајната незгода причинета е и материјална штета од околу 150 илјади денари.

уредник

Related Posts

Прегазил пешак и избегал, од Алфа тимовите е пронајден и приведен, пешакот починал

Коментарите се исклучени на Прегазил пешак и избегал, од Алфа тимовите е пронајден и приведен, пешакот починал

За испишаните графити на Широк Сокак во СВР – Битола повикани две лица на распит

Коментарите се исклучени на За испишаните графити на Широк Сокак во СВР – Битола повикани две лица на распит

Битолчанка пронајдена мртва со изгореници по телото

Коментарите се исклучени на Битолчанка пронајдена мртва со изгореници по телото

Тешко повредена пратеничка на СДСМ

Коментарите се исклучени на Тешко повредена пратеничка на СДСМ

Create Account



Log In Your Account