Денеска во Логоварди е погребан Дени Димовски кој беше убиен во Мелбурн пред еден месец

Во битолското село Логоварди денеска е погребан Дени Димовски(31) кој пред околу еден месец беше убиен во Мелбурн, Австралија.Димовски пред две години заминал во Австралија.

Димовски беше убиен во тепачка која се случила во ресторанот „Корзо грил хаус” во Мелбурн, кога до смрт бил избоден. Убиството се случило во раните утрински часови, кога група непоканети гости околу 2 часот по полноќ се обиделе да влезат на приватна забава во ресторанот, откако сопственикот на ресторанот се обидел да им ја затвори вратата.

Австралиската полиција соопшти дека откако го избоделе Димовски неколкупати со нож, групата побегнала од местото на настанот. Засега нема информации дали припадниците на групата дошле вооружени, но се верува дека убиецот зел нож од ресторанот.

Вработени во ресторанот изјавиле дека убиениот бил почитуван, лојален гостин кој им станал речиси како семејство.

 

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account