Камион се преврте на Валандовско брдо, повреден е возачот

Share Button

Камион со струмички регистарски таблици утрово се преврте на Валандовско брдо, при што e повреден возачот.

Според информациите од СВР Струмица, сообраќајката се случила во 6.45 часот на патот од село Костурино кон Валандово во која учествувал камион „мерцедес“ со струмички регистарски таблици.

Од засега непознати причини камионот се превртел на патот, а возачот се здобил со телесни повреди и е пренесен во Градската општа болница во Струмица.

Сопатникот не побарал лекарска помош.

Во тек е увид на местото на несреќата со цел да се утврдат причините за несреќата.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account