МВР: Кривична пријава за градоначалникот на Берово

Share Button

СВР Штип поднесе кривична пријава за градоначалникот на Берово Д.Н. (59) поради злоупотреба на службена положба, односно поради тоа што без решенија и без патни налози го користел возилото на општината за сопствени потреби.

Во соопштението од МВР се вели дека пријавениот како службено лице градоначалник на општина Берово, во периодот од 1 јули 2015 до 1 јули 2017 година во повеќе наврати  ја искористил службената положба и овластување, користејќи го службеното патничко возило, сопственост на општината без да обезбеди Решение за службено патување во странство од надлежен орган од општината, како и  без патни налози и без покани за службено патување во странство.

Според МВР, Д.Н., вкупно во 32 наврати за свои лични потреби и за потребите на други физички лица, кои ги превезувал со службеното возило, причинил штета на Општина Берово која дополнително ќе биде утврдена.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account