Надлежните влегоа во станот каде мајка 13 години ги чувала своите ќерки во изолација

Share Button

По барање на обвинителството и со судски налог, а со асистенција на полицијата, социјални работници доцна попладнево влегоа во станот на ул. Димче Лахчански каде мајка цели 13 години ги чувала двете ќерки во изолација.

Овој пат влегувањето било со кршење на вратата. Со медицински возила биле пренесени в болница.

Минатиот месец социјални работници од Центарот за социјални работи од Битола имаа обид да влезат во станот каде што живееле двете ќерки и нивната мајка. Но, тогаш како што рекоа никој не им отварал, а тие без налог немаат право да влезат во домот.

Неколку дена подоцна воспоставиле контакт со мајката, но преку затворена врата, кога им било кажано дека биле добри и не им требала никаква помош.

Сторијата за нив беше дека биле на возраст над 30 години. По смртта на таткото во 2004 година, ги заклучила и не дозволува никаков контакт со надворешниот свет, а соседите велеа дека неколку пати го пријавувале случајот.

На социјалните работници од поодамна им би познат случајот и како што тогаш рекоа работеле и постапувале.

извор Тера Тв

уредник

Related Posts

Бочварски постојано помеѓу своите сограѓани

Коментарите се исклучени на Бочварски постојано помеѓу своите сограѓани

Create Account



Log In Your Account