Реконструкција и реновирање на Руската црква во Битола.Ќе се гради и параклис на Свети Јован Шангајски- Битолски

Во соборот на ,,живите“ Битолски  цркви, во кои катадневно, се објавува Благословеното Царство Божјо, и се принесува Светата ,, исцелителна,, Евхаристија, би се навратиле на една, необична, и по изглед и по својата историја – црквата  посветена на Пресветата Троица, позната како Руска Црква.

22237469_1454198051296198_73924216_n

Изградена е во бурните времиња, во времето после страшната октомвриска револуција, да биде Ноев кораб на раселените руси, дојдени во Македонија.

22290439_1454200217962648_1386700900_n

Оваа мала црква, требало да биде мала икона на светата Рус, далеку од татковината. Впечатливо, црквата првобитно и е изградена од дрвени штици, со изглед на типична малечка руска црквичка. Оваа црква била и дом, и библиотека и црква, на руските емигранти, но и на сите православни христијани од Битола. Црквата станува дел од живото ткиво на Христовата Црква која пребива во Битола, и така е до денес.

Особено радосна е мислата дека во оваа Црква богослужел и големиот угодник Божји, тогаш како јеромонах Јован, а денес св. Јован Шангајски или Битолски..

Денес, ,,Руската Црква“ го чува споменот на него, чувајќи ги и покажувајќи ги на верните предметите со кои св. Јован богослужел, неговите свештенички облеки и др.

22264969_1454199144629422_676584628_n

Во последните години торжествено се слави неговиот свет спомен, и може да се рече дека празникот на св. Јован Шангајски и Битолски е втора слава на црквата. Мината година се организираше празнично богослужение, со свечена акдемија, и изложба на фотографии од животот на св. Јован. Така и годинава, со радосно евхаристиско собрание се прослави и годинашниот празник.

22264792_1454202927962377_586053016_n

Досега направено е многу да се зачува и укрепи ова црква за идните генерации. На пример, наместо ѕидовите од трошното дрво, стојат ѕидови од тули. Сменета е покривната конструкција, оплеменет дворот, и создадени се услови за непрекинат Литургиски живот. Оваа пролет, со љубовта и благословот на Митрополитот Петар, со грижата на протоереј ставрофор  о. Никола Грамбозов, трудот на старешината на храмот и целата верна ,,жива парохија,, се преземени обемни градежни работи. Поставена е топлотна изолација на црквата, сменети се таваните, електричната инсталација, поставен е клима уред. Всушност, црквата е обложена со дрво, со што се врати ликот на првобитна ,,руска“ дрвена црквичка.

22278439_1454196634629673_1445130694_n

Со ова се создадоа услови и за изградба на параклис посветен на св. Јован, кој треба да се опреми во периодот кој следи…

22278452_1454196617963008_1136535475_n

Овде, Црковниот одбор при црквата Св. Троица ја искажува огромна благодарност за сите кои со ,,лепта“ или труд, но и молитва го помогнаа ова.

Во периодот што следи, треба да се опреми параклисот, да се сменат црковните врати…секоја помош е добредојдена!

 

Подготви: протоѓакон  Драган Ѓоргиевски

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account