Каква Битола сакам?

Share Button

Есенско дождливо викенд утро во Битола.Предизборието уште трае и кампањите.Во излагањата ветени и неоставрени проекти кои повторно се истакнуваат за реализација и нови од другата страна кои исто така според предизборното кажано, ќе се реализирале.

И сето тоа за предизборно си е во ред , граѓанинот да слушне која од политичките партии што нуди за да може да си одбере.

Одамна во градот на конзулите не цветаат рози.Исселувањето, невработеноста, загадениот воздух, социјалната негрижа за ранливите, се можеби најгорливите причини за Битола да стане град на духовите и пензионерите.

Image result for битола

Партиската книшка и “вујко владика”треба да станат минато но дали е така? Дали повторно се прави свој круг , дали повторно ќе се чекори по стапките на оние кои заминаа од владеење а од кои се свежи спомените.Свежи и живи.

  • Не е до активноста, бев во првите 10 активни,во секој поглед, знам придонесов многу но сето тоа некој си дозволи да го занемари, и наместо оние кои се залагаа за подобро утре, форсирани беа оние кои по цел ден пиеја кафе на Широк сокак. Kога поднесов да се вработам за служител а имав најмногу поени во секој поглед, едноставно само ми пристигна известување дека сум одбиен , без никакво појаснување- вели битолчанец.Тоа е неправда, и сватив за се мора и треба да имаш врски.

Слични раскажувања има и од други битолчани,и одтука, се наметнува прашањето дали Битола ќе минува низ сличните случувања?

Неодамна ми споменуваат … “биле на браникот”! Ок и тоа е во ред, “биле на браникот” но не биле единствени на “браникот”. На “браникот” била цела Битола , ако за тоа, сега се добива модерна награда тогаш треба да се награди градот а не да се величаат поединци. Во спротивно ќе се рачуна дека некои застанувале на “браникот” за лични интереси а не за доброто на секого во градот.

И за крај…Живот во Битола, видете вака, ние сите имаме ,имаме живот, не дека немаме, но прашањето е дали преживува градот или ќе заживее и каков живот има?За да заживее, самоволието треба да го нема.Еднаквост за сите,ете таква Битола сакам-само таква Битола има иднина.Се додека од било која причина се величаат поединци се дотогаш Битола ќе тапка во место.

Да се разбудат децата дишејќи чист воздух, да се напијат кафе родителите пред да одат на работа. Фрижидерот што велат битолчани да биде полн.Да може секој да има храна,чист воздух , дом,вработување, основни животни услови, ете најмногу тоа му треба како приоритет на градот а не нови ѕвезди на старата сцена, тој филм заврши.

Каква Битола сакам?

  • Битола во која нема да има солзи, неправди, Битола во која животот ќе биде радост за секој!

писмо до Новост

 

уредник

Related Posts

Митрополитот Агатангел ќе ги предводи утрешните протести за одбрана на името, државата и идентитетот

Коментарите се исклучени на Митрополитот Агатангел ќе ги предводи утрешните протести за одбрана на името, државата и идентитетот

И во Битола многу високо ниво на загаденост

Коментарите се исклучени на И во Битола многу високо ниво на загаденост

В недела протест на градскиот плоштад во Охрид

Коментарите се исклучени на В недела протест на градскиот плоштад во Охрид

Поплавени куќи во Црешево и Стајковци

Коментарите се исклучени на Поплавени куќи во Црешево и Стајковци

Свлечиште однесе дел од патот во село Рајчица

Коментарите се исклучени на Свлечиште однесе дел од патот во село Рајчица

Create Account



Log In Your Account