Пандев го има рецептот за „Аѕурите“: Треба да се игра на контри, само така може до добар резултат

Share Button

Горан Пандев објасни како Македонија стигна до голем бод на гостувањето кај Италија, цврста игра во одбраната и брзи контри се рецептот за успех

Црвено-жолтите“ имаа уште едно одлично издание против „Аѕурите“, но за разлика од средбата во Скопје кога останавме со празни раце, избраниците на Ангеловски вчерва се изборија за реми и голем бод.

Италија поведе преку Кјелини, но во вториот дел, Александар Трајковски го матираше Џиџи Буфон за 1-1.

„Мислам дека се браневме добро и го извадивме максимумот од контра нападите” – рече Горан Пандев за Раи по крајот на натпреварот.

„Така се игра против големите репрезентации, во спротивно ќе примите три или четири гола”.

„Имаме млади играчи кои постојано бележат прогрес и се надевам дека ќе бидеме уште подобри во иднина”.

Запрашан дали „Аѕурите“ треба да стравуваат за учеството на мундијалот во Русија, Пандев вели: „Мислам дека Италија има одличен состав со многу шампиони и ќе патува за Русија”.

„Можеше да се види дека вечерва немаа за што да играат, бидејќи знаеа дека и онака ќе бидат втори”.

уредник

Related Posts

ОДЛИЧНИ БОРБИ НА НИНЏУЦУ КЛУБ БИТОЛА!ОСВОЕНИ 12 МЕДАЛИ ОД НИВ 4 ЗЛАТНИ

Коментарите се исклучени на ОДЛИЧНИ БОРБИ НА НИНЏУЦУ КЛУБ БИТОЛА!ОСВОЕНИ 12 МЕДАЛИ ОД НИВ 4 ЗЛАТНИ

Фудбалерите на ФК „Пелистер“ пуштени од болница- еве ги деталите

Коментарите се исклучени на Фудбалерите на ФК „Пелистер“ пуштени од болница- еве ги деталите

КАЗНА ЗА ВАРДАР ПОРАДИ ПОРАКИТЕ НА НАВИВАЧИТЕ ПРОТИВ ДВОЈАЗИЧНОСТА

Коментарите се исклучени на КАЗНА ЗА ВАРДАР ПОРАДИ ПОРАКИТЕ НА НАВИВАЧИТЕ ПРОТИВ ДВОЈАЗИЧНОСТА

Интервју на Новост-Роланд Доша:После пет години повторно во форма

Коментарите се исклучени на Интервју на Новост-Роланд Доша:После пет години повторно во форма

СКАНДАЛ И ГОЛЕМ СРАМ НА ОПШТИНА БИТОЛА ГО УНИШТУВААТ СПОРТОТ И УСПЕШНИТЕ КЛУБОВИ???

Коментарите се исклучени на СКАНДАЛ И ГОЛЕМ СРАМ НА ОПШТИНА БИТОЛА ГО УНИШТУВААТ СПОРТОТ И УСПЕШНИТЕ КЛУБОВИ???

Битолчанецот Александар Димовски против гостиварецот Сазан Мемеди во Олтен-Швајцарија на 12 мај

Коментарите се исклучени на Битолчанецот Александар Димовски против гостиварецот Сазан Мемеди во Олтен-Швајцарија на 12 мај

Create Account



Log In Your Account