Полицаец физички нападнат во СВР-Битола

Share Button

Во текот на денот, полицаецот заедно со уште двајца негови колеги постапувале по поплака и го барале С.Ѓ., а откако не го нашле на наведената адреса, полицаецот му се јавил телефонски и службено стапил во контакт со лице кое се претставило дека е С.Ѓ.

policija mvr

Полицискиот службеник му рекол дека против него има поплака и дека треба службено да разговараат, на што С.Ѓ. одговорил дека е надвор од градот и дека ќе дојде друг ден, а по кратко време С.Ѓ. му се јавил на полицаецот и му се заканил и се обратил со зборови со недолична содржина, по што полицаецот му исклучил.

Во 21 часот, кога со колегите се вратиле во СВР-Битола, во ходникот неколку минути по нив влегол Р.Ѓ. и без никаков разговор му се приближил на полицаецот и со глава го удрил во пределот на устата, по што Р.Ѓ. бил приведен.

уредник

Related Posts

Ве прислушувам: Градоначалникот на Демир Хисар им се заканува на вработените

Коментарите се исклучени на Ве прислушувам: Градоначалникот на Демир Хисар им се заканува на вработените

Хелсиншкиот комитет бара од МТСП да го испита случајот на сексуално злоставување на девојче во „25 мај“

Коментарите се исклучени на Хелсиншкиот комитет бара од МТСП да го испита случајот на сексуално злоставување на девојче во „25 мај“

Create Account



Log In Your Account