Битолската “убавица”реконструирана ама повторно со својот ист изглед.Коцката вратена и реконструкцијата завршена

Share Button

Коцката на улицата кај Рибарниците во Битола е повторно поставена при што и покрај реконструкцијата на оваа улица, таа и понатаму останува битолска убавица со претходниот изглед, стариот сјај и автентичност.

Почеток на реконструкцијата

Реконструкцијата на улицата Булевар 1-ви Мај во Битола, позната како “кај рибарниците” започна на 4-ти Април оваа година, конечниот завршеток на овој проект на општина Битола заврши денес 9-ти Октомври

Иако се уште официјално не е пуштена улицата покрај Драгорот, реконструирана е целосно со нов пешачки тротоар, заменета вода и канализација, нови скали за објектите во склоп со пешачкиот тротоар како и наскоро најавено е зеленило од другата страна на улицата односно ѕидот до Драгорот со зелена површина. Сепак мораме да потврдиме дека изгледот на старата чаршија во Битола се зачува со коцката која е повторно наредена на најубавата улица во центарот на Битола.

Наредна е реконструкција на улицата од мостот кај рибарниците на Булевар 1-ви Мај до градскиот Безистен или поранешна “Хигиена”

Снежана Анеска

уредник

Related Posts

ВИДЕО Спречен инцидент на потпишувањето на Договорот

Коментарите се исклучени на ВИДЕО Спречен инцидент на потпишувањето на Договорот

Create Account



Log In Your Account