Царовска: Почната е истрага за финансиски злоупотреби во центрите за социјална работа

Share Button

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска информира дека е отворена истрага за финансиски злоупотреби во центрите за социјална работа.

(ВИДЕО) Царовска: Почната е истрага за финансиски злоупотреби во центрите за социјална работа

Ние сме сведоци дека во изминатиот период врз грбот на најранливите категории граѓани се кршеа многу копја и затоа партијата што беше претходно на власт се обидуваше да ги злоупотреби. Но, тоа престанува и наша главна задача е да спречиме секаква злоупотреба на овие граѓани што се под наша заштита. Токму такви дојави имаше во МТСП и морам денеска да известам дека се најдоа и двојни досиеја и двојни исплати и финансиски злоупотреби во неколку центри за социјална работа во Република Македонија“, рече Царовска по посетата на Центарот за социјална работа во Кратово.

За истото е известена Управата за финансиска полиција, која веќе е на терен и работи на случајот.

„Тие ја собраа целата потребна документација. Исто така, беа во надзор во Министерството за труд и социјална политика, но веќе се на терен и во центрите за социјална работа, за да може да го соберат целиот доказен материјал, секако со одобрение на Основен суд Скопје 1, од каде што добија налог за да може да го работат овој предмет“, рече Царовска.

Министерката додаде дека во овој момент не може да каже повеќе детали.

уредник

Related Posts

Продолжуваат протестите – за денес најавен голем, сенароден собир

Коментарите се исклучени на Продолжуваат протестите – за денес најавен голем, сенароден собир

Битолчани со пофалби за јавната чешма кај Саат Кулата во центарот на градот

Коментарите се исклучени на Битолчани со пофалби за јавната чешма кај Саат Кулата во центарот на градот

На патниот правец Катланово – Велес пред с. Сопот, сообраќајот е во прекин поради поголем одрон

Коментарите се исклучени на На патниот правец Катланово – Велес пред с. Сопот, сообраќајот е во прекин поради поголем одрон

Create Account



Log In Your Account