20 ПОЖАРНИКАРИ СЕ БОРАТ СО ПОЖАРОТ ВО КУМАНОВО: Голема материјална штета е направена, едно лице е повредено

Share Button

Противпожарни екипи од Куманово со приближно 20 пожарникари се вклучени во гаснењето на пожарот кој избувна попладнево во 18:15 часот во локалитетот Касапски круг при што беа зафатени дел од просториите од Одделението за катастар на недвижности во Куманово.

Според информациите на командантот на ППЕ Куманово, Дејан Илиевски пожарникарите сè уште работат на отстранување на лимениот покрив и на гаснење на жариштето на пожарот.

Според него, во текот на ноќта ќе остане дежурна една екипа.

Градоначалникот Зоран Дамјановски изврши увид во просторите на тн. стара општина Куманово, бидејќи во таа зграда се сместени неколку одделенија и сектори од општината. Тој рече дека има причинето голема материјална штета и дека од утре ќе се изврши увид што всушност е уништено во пожарот што избувна во центарот на Куманово.

Според првичните информации на екипите од терен, едно лице е повредено.

 

уредник

Related Posts

Ова е дното на живеењето.Ова е ЖИВОТ!!!?Апел за помош!

Коментарите се исклучени на Ова е дното на живеењето.Ова е ЖИВОТ!!!?Апел за помош!

Телма да ја повлече одлуката за цензурирање на емисијата „КОД“побара ЗНМ

Коментарите се исклучени на Телма да ја повлече одлуката за цензурирање на емисијата „КОД“побара ЗНМ

Видео: Поплавено шеталиштето и кафулиња во Охрид

Коментарите се исклучени на Видео: Поплавено шеталиштето и кафулиња во Охрид

Ирена Ристиќ: Тунтев НЕМА автомобил! Како направи 3.843€ патни трошоци за 4 месеци?!!!

Коментарите се исклучени на Ирена Ристиќ: Тунтев НЕМА автомобил! Како направи 3.843€ патни трошоци за 4 месеци?!!!

Create Account



Log In Your Account